Парфемот е дефинитивно производ кој освен неодолив мирис, го отсликува нашиот идентитет и карактер и како таков многу влијае на нашата самодоверба и расположение. Добриот парфем ни помага да бидеме забележани и запаметени од другите, па затоа е исклучително важно да се најде вистинскиот мирис.
Самоуверените мажи ги ценат дрвенестите и зачинети мириси кои ја откриваат нивната самоувереност. Во комбинација со ориентални мириси, нотите од килибар, мошус и пачули се идеални за да го истакнат нивното искуство и знаење. Ваш избор е: откријте го најдоброто од себе!